Зошто љубовта толку боли???
49, Skopje, Makedonija

Зошто, зошто љубовта мора толку да боли, зошто кога не правиш ништо лошо само сакаш и бараш да бидеш сакана, зар тоа е премногу?

Постојат прашања на кој тешко успеваш да го пронајдеш вистинскиот одговор, прашања кои те убиваат од внатре, прашања кои се почесто ги поставуваш, а се поретко добиваш одговор на нив.Тешко е да сакаш, а да не почувствуваш дека си сакана, да живееш во лага, да веруваш во нешто што не постои, да мислиш дека имаш сè а во еден ист момент сè да се сруши пред тебе, да загубиш желба за живот, да се пронајдеш себе си во лавиринт, од кој залудно го бараш излезот, да потонеш во солзи и полека да го чекаш својот крај.

Колку е само ужасна љубовта, ти носи еден момент на среќа, момент кој го чекаш целиот свој живот, за кој од секогаш сонуваш, а потоа ти одзема се, ги уништува твоите соништа, го крши твоето срце на илјадници парчиња кои тешко се составуваат, тој еден момент на среќа го наплаќа со милион моменти исполнети со тага, болка, депресија, ти го остава срцето преполно со омраза кон целиот свет, мразиш сè па дури и самата себе. Се затвораш во еден малечок свет доволен само за тебе, во него ги оставаш сите твои солзи, сета твоја тага, го заклучуваш твоето срце, а клучот го оставаш на дното од морето создадено од твоите солзи, ја губиш вербата во љубовта, но не и надежта, зошто колку и да боли колку и да се наоѓаш на дното секогаш можеш да собереш храброст и да станеш, да ја кренеш главата високо и гордо да погледнеш во очите на светот иако позади и пред тебе се е темно.

Надежда последна умира, можеби сеуште таму некаде постои вистинска љубов за тебе, можеби постои вистинската личност која ќе го пронајде клучот на дното од морето ќе го отклучи твоето срце, ќе ти подаде рака за да заедно зачекорите по некој нов пат и дури тогаш ќе сфатиш дека љубовта е болна, дека повеќе одзема отколку што дава. Но како што го убива така и го лекува твоето срце, љубовните рани само со љубов се залекуваат.

Љубовта е сурова, но без неа овој живот не вреди, никогаш не е доцна, после дождот сонце доаѓа,секој има свои неколку минути кој можат да го изменат во целост твојот живот... не губиш ништо ако ги почекаш твоите...

37 pregleda
 
Komentari
Alexander 14.03.2020

Mi se dopaga... ❤️

pioner 03.03.2012

Ednash rekov...ljubovta e otrov koj te true cel zivot poleka ama sigurno. Problemot e sto ne postoi lek.

Blog
Blogovi se ažuriraju svaka 5 minuta