И тоа може да се случи...
58, Skopje, Makedonija




Тројца бизмисмени имале навика секој четврток да се најдат во еден клуб.
Тука би изиграле две-три партии карти, а после ке си заминат секој кај својата љубовница.
Еден четврток, додека играле карти и разговарале за се и сешто, дошле до заклучок дека тоа што го
прават не е поштено, одлучиле одма да прекинат со играта и да си одат дома, во 23 часот.
Следниот четврток сите се појавиле во завоји: На првиот му била завиена раката и со модро око,
на другиот му биле завиени двете раце, и двете очи затворени и без неколку заби, а на третиот ги имал
двете раце двете нозе во гипс, и на главата завој, вратот му бил поместен малку на десно и.т.н.
- Што ви се случило? - се прашале сите тројца во глас.
- Ајде ти прв ти најдобро си поминал, му рекле другите двојца на среќникот само раката што му била
во завој.
- Ма, оставете ме мене. Кога се разминавме, јас убаво си заминав дома, а женами беше задоволна и ме
бакна, и си отидовме да спиеме. Али, во два часот ми зазвоне алармот на саатот, а јас онака по навика
станав, почнав да се облекувам, и оставив 50 евра под перницата.
Кога тоа го виде, таа зема некоја вазна и ме удри по раката, едвај сум се спасил.
- А што беше со тебе?, го прашале другите двојца.
- И јас убаво си дојдов дома, женами се израдува, ми постави вечера... И после убаво си отидовме на
спиење, али и мене ми зазвоне алармот во 02:00 часот, и јас станувам, и давам на женами 50 евра,
а таа ми, замислете, ми враќа 25 евра. Али јасдодека сватив, таа расонета, почна да ме тепа, и фрлаше
по мене со што ќе стигнеше.
- Е, - али тоа не е ништо, да знаете што ми се случи мене. Дојдов рано дома, а женами просто запалена.
Таа се убаво ми изнесе на масата, ме служи, части, дури помислив дека таа идеја и не така лоша ,
а после отидовме на спиење. Во 02:00 часот зазвоне алармот. Оддеднаш жената почна да ме тресе
и да вика:
- Ајде, ајде станувај! Тоа е мојот маж! Ајде, брзо низ прозорецот! И јас набрзина станав, и скокнав од
прозорецот. А инаку јас живеам на трети спрат. Е, не да се утепав... :))))

69 pregleda
 
Komentari

Još nema komentara.
Ostavi komentar, započni diskusiju!

Blog
Blogovi se ažuriraju svaka 5 minuta