10 НЕШТА ЗА КОИ ЧОВЕК СЕ КАЕ
55, Veles, Makedonija

1.Последен ден е од твојот живот,а ти не го проживеа како што можеше.
2.Последен ден е од твојот живот,а ти никогаш не ја осозна природната моќ во себе што би ти помогнала да оствариш големи нешта.
3.Последен ден е од твојот живот и сфаќаш дека никого не си вдахновил со својот пример.
4.Последен ден е од твојот живот а ти си обземен со болка затоа што сфаќаш дека никогаш не си ризикувал и дека поради тоа ништо не си добил.
5.Последен ден е од твојот живот и ти сфаќаш дека си пропуштил можноста да овладееш со врвната способност затоа што си прифатил лагата дека мора да се помириш со просечност.
6.Последен ден е од твојот живот и срцето ти е скршено затоа што никогаш не си овладеал со способноста поразот да го претвориш во победа.
7.Последен ден е од твојот живот и тагуваш што си заборавил дека суштината на работата е да им помагаш и на другите,а не само себеси.
8.Последен ден е од твојот живот и согледуваш дека цел живот си живеел така како што те учело општеството,а не така како што ти си сакал.
9.Последен ден е од твојот живот и сфаќаш дека не си ги остварил своите можности,дури ни приближно на тоа.
10.Последен ден е од твојот живот и согледуваш дека си можел да бидеш лидер и околината,светот да го престориш поинаков.Но ти си одбил да се нафатиш на тој потфат,затоа што си се плашел.И затоа не си успеал.И напразно си го поарчил својот живот.

Секој од нас избира каков живот ќе живее.Благодарение на своите избори,одлуки и постапки,живееме онака како што живееме.

44 pregleda
 
Komentari
borko412 12.08.2012

Добри поуки, но крајот повеќе ми се допаѓа... *THUMBS UP* *OK*

tashovtoni tashovtoni 12.08.2012

*HI*

DjoleMk 11.08.2012

Благодарам на блоговите и поуките...

tashovtoni tashovtoni 11.08.2012

*HI*

lubavi 11.08.2012

Секој од нас избира каков живот ќе живее.Благодарение на своите избори,одлуки и постапки,живееме онака како што живееме.

tashovtoni tashovtoni 11.08.2012

*HI*

Blog
Blogovi se ažuriraju svaka 5 minuta