So ne ke slusnis......heheh
36, Prilep, Makedonija

Брачна двојка од Севиља заврши в затвор, откако по една година одлучија да се смират.

Шпанскиот суд ги прати в затвор неименуваниот брачен пар од Севиља, бидејќи ја прекршиле судската забрана за доближување еден на друг во круг од 500 метри.

Парот се развел во 2008г, а сопругот според законот за семејно насилство не смеел да и се приближи на жената, ниту да и се јави. Сепак тие одлучиле да се смират, но за тоа не го известиле судот, што биле должни да го направат.

Судијата не го прифатил нивното објаснување и мажот е осуден на шест, а жената на четири месеци затвор.

Мажот и жената раскинале во септември минатата година, а судот одредил забрана за приоѓање бидејќи по прекинувањето на врската неколку пати се степале на улица, па дури на судот.

Тие пред еден месец одлучиле да се смират и да пробаат да го продолжат заедничкиот живот.

Но, кога полицаецот, кој бил задолжен да ја чува сопругата, видел дека мажот и приоѓа на улица и дека ја бакнува, ги уапсил и двајцата, иако му кажале дека повеќе не се скарани.

33 pregleda
 
Komentari
VOCKO 22.12.2009

па што му е на судот :-$ ......зар и против љубовта има закони :-$

Blog
Blogovi se ažuriraju svaka 5 minuta