Најпопуларни денес.....
31, Kichevo, Makedonija

Џоли го напушти Бред Пит

Примирјето Џоли – Пит не траеше долго. На првата роденденска прослава за нивните близначиња, Анџелина пред присутните се скарала со Бред, си ги собрала работите и си заминала. 

Медиумите продолжуваат да го скаруваат и да го смируваат најславниот актерски пар на денешницата. Според последните информации, за време на првата роденденска забава за нивните близначиња, во Лос Анџелес настанала бурна расправија помеѓу Џоли и Пит по што актерката си заминала и моментално се наоѓа во хотел.

Таа наводно резервирала соба во луксузниот Raffles L`Ermitage хотел на Беверли Хилс каде нејзината мајка живееше до смртта во 2007 година.

Според еден нивен пријател Анџелина останува во собата со часови. Таа се обидувала преку палење свеќи да го почувствува духот на својата почината мајка.

Анџелина ги одбива повиците од Бред. Единствен начин преку кој тој дознава дека таа е добро се дадилките кои ја гледаат. Тие му кажуваат дека глумицата е секогаш воодушевена кога ќе ги види своите деца.

Колку ќе трае оваа епизода и дали набрзо ќе видиме кулминација помеѓу нивните односи, или ќе се покаже дека приказната е плод на нечија фантазија и преувеличување – ќе дознаеме наскоро!

Убиен синот на Осама бин Ладен


Синот на Бин Ладен стигнал во Пакистан по една година куќен притвор во Иран, а официјални претставници на САД веруваат дека е убиен со американски проектил на почетокот на годинава, испален од беспилотно летало. 

Официјални претставници на САД веруваат дека синот на најпознатиот светски терорист, Сад бин Ладен бил убиен со американски проектил на почетокот на годинава во Пакистан, јави американското јавно радио “НПР“.

Според поранешниот американски национален разузнавачки директор Мајк Мекконел, синот на Обама бин Ладен дошол во Пакистан по една година домашен притвор во Иран.

Се верува дека бил убиен со проектил „Хелфајар“, истрелан од беспилотно летало Предатор во текот на годинава.



Висок функционер од противтерористичката служба за НПР изјави дека без тело на кое би се направиле ДНК анализи не можат да бидат 100% сигурни во овие податоци.

Но, рече дека агенцијата за контраразузнавање е 80 до 85% сигурна дека Сад бин Ладен е мртов.

Според нив, Сад бин Ладен кој имал нешто помалку од 30 години, не бил нешто посебно важен за организирање на единечна истрага, но целата работа дигнала голема прашина поради неговото презиме.

Ештон и ја ’избричи’ главата на Деми Мур

Деми Мур стана жртва на мајтап на своето момче. Имено, нејзиниот сакан Ештон Качер на својата женичка и направи нова фризура и ја подели со целиот свет. 

Ештон Качер и Деми Мур уште еднаш покажаа колку се зависни од Твитер.

И овој пат Ештон на пик ја фати својата сакана, додуша во Фотошоп, и и направи нова фризура.

Поигрувајќи си со нејзината фотографија, Ештон и направи ’ирокези’ фризура на Деми и фотката ја стави на Твитер.

’Жена ми штотуку се врати од фризер. Што мислите момци? Дали ви се допаѓа?', напиша Ештон, додека Деми му врати со коментар дека би можела неговите иницијали да му ги избричи на главата.

Ова не е прв пат Ештон да се поигра со Деми на Твитер. Очекуваме уште....

Би Би Си ќе прави репортажа за Македонија и Крушево


Телевизиска екипа на Би Би Си ќе престојува една недела во Македонија за да направи репортажа за земјата, за Крушево и за неговата етно манифестација што е во тек. 

епортерите на оваа најголема британска јавна медиумска компанија ќе ги снимаат градот, неговите природни убавини и туристички можности, како и културно-историските знаменитости.

Екипата ќе престојува во Крушево во деновите на манифестација „Крушево - етно град", што беше отворена во неделата, како и непосредно пред традиционалното одбележување на годишнината од Илинденското востание на 2 август 1903 година.

Според најавите од Би Би Си, репоратажата за Македонија и Крушево се очекува да биде емитувана во средината на август, на нејзиниот сателитски канал Би Би Си - Ворлд.

Репортажата е подготвувана заеднички меѓу Би Би Си и Меѓународната канцеларија за економска промоција на Македонија во Велика Британија, во Ирска и во Исланд, со седиште во Лондон. 

Раководителот на канцеларијата Коста Котески изјави за МИА дека проектот на британската медиумска компанија е убава можност за нова светска промоција на Македонија, затоа што програмата на Би Би Си - Ворлд ја гледаат п

Се надевам дека ви се допанда блогот поздрав:))

72 pregleda
 
Komentari
GrOm 29.08.2009

:P

убав дечко 23.07.2009

super blog bate i jas sum popularen ama na top:) pozzz

GrOm GrOm 24.07.2009

hahaha :D

m-i-t-e 23.07.2009

+

GrOm GrOm 23.07.2009

:P

Save Jovanova 23.07.2009

+5 за вестите :-P

GrOm GrOm 23.07.2009

hehe tnx:D

Blog
Blogovi se ažuriraju svaka 5 minuta