Трендовски цигари ?!?!?!?!
37, Gevgelija, Makedonija

            Луѓе што да ви зборувам овие трендовите ме отекуваат. Ајде јас можам да разберам многу работи ваков тренд, таков тренд луѓе се млади ќе им помине....

....Ама воопшто не можам да сфатам од кај Tрендо, не мислев на Трендо од „Милионер“ туку мислев на тренд разбирате тренд цигари ај ви се молам.

          Ама има ли некој од оваа младина што не е тренд. Туку до вчера го знаеш една мирна бубалица со очила со стакла дебели како маливе стаклени шишиња од Кока Кола, со ташна полна книги, човече град не беше видел. Туку го гледаш денес шмека девојки на големо со новите леќи и тетратка убаво спакувана  во еден од страничнита џебови на два броја поголемите панталони, па немај каде си велиш тренд станал човекот. И од град право во училиште и не да се протне во некоја од училниците правец на крајот на долгиот ходник, таму трендовски деца да броиш да не можеш да ги изброиш, сите „пафа пуфа“, а еден дели орбити. Еј голема работа они не знаат оти кога влегуваат во училница како цел монопол да го носат со нив. Туку ај „мижи Асан да ти баам“, било ќе помине , ама не поминува. Па луѓе ова веќе не се трае мене мајка ми секој ден да ми вели : „влезе во тренд“ па и како некое душкало ме мириса ли мириса и потоа само чекам да каже „како цела компанија орбит да си ја ставила во уста“. На сето тоа јас не и замерувам родител е.

          За крај така пред да легнав во кревет на младиве ќе им зборнам два-три слатки реча битно е они да се у  тренд, а не цигарите. 

54 pregleda
 
Komentari

Još nema komentara.
Ostavi komentar, započni diskusiju!

Blog
Blogovi se ažuriraju svaka 5 minuta