Сеуште те сакам!!!!
33, Skopje, Makedonija

Сеуште те сакам!
Беше убава есенска ноќ, со многу ѕвезди и сјајна месечина. Беше ноќ осветлена од тебе, од твојата беспрекорно
бисерна насмевка. Ноќ кога те сретнав и те засакав.Те сакав со љубов од која не се јаде, не се пие, не се спие.
Кога си замина и станав свесна дека можеби никогаш повеќе нема да те видам, почнав да се присетувам... Влезе,
среќен и безгрижен ниту една нишка на грижа, страв или сомневање да ја наруши хармоничната насмевка што се чинеше
неизбришлива од твоето мило убво лице. Се поздрави со сите, но кога дојде до мене кога ни се склопија дланките ми
се чинеше дека трае многу подолго отколку обичното како тогаш да запре времето. И посакав засекогаш да останеме
така. Но ти се одалечи, а моите очи останаа приковани за твоите, беспрекорно убави заводливи сини очи. Сето време
ја собирав храброста да ти кажам, а и храброста да го прифатам одговорот. И токму подготвена да го изустам долго
осмислуваниот збор, од кој многупати се откажав музиката престана, светилките се запалија, а ние се одалечивме. Си
замина далеку од мене таму каде што неможев да те допрам, да ти кажам што чуствувам. Си замина, но засекогаш
остана во моето срце.

23 pregleda
 
Komentari
bik4e 14.09.2009

Ммммм,Преубаво! :-)

Blog
Blogovi se ažuriraju svaka 5 minuta