21.12.2009
duh
43, Gostivar, Makedonija

Ли, 37 годишна жена од Кина тврди дека во текот на ноќта ја опседнува дух од непозната жена која ментално ја малтретира и затоа изгубила 20 килограми во текот на две недели. Но, и покрај нејзините кошмари лекарите тврдат дека е здрава.

hiangho_ling-decatri-negdebre.bmp


Измачената Ли има два сина и една ќерка и заедно со нив и нејзиниот сопруг се вселиле во нова куќа пред година дена. Единствено нешто што знеле е дека и претходната сопственичка на куќата се викала Ли и дека починала пред 10 години.

Побарале помош и од медиумите, исто така направиле и религиозно чистење на куќата кога се вселиле на 31 декември минатата година а Ли напоменала дека и тогаш чувствувала нечие присуство во куќата.

Од првиот ден кога се вселиле таа забележала чудни сенки, а од неодамна почнала да чувствува и на себе нечие присуство особено во текот на ноќта. Ли кажала дека се променила многу и дека без причина се расправала со пријатели и роднини како и со нејзините дома. Покрај тоа таа шепотела или вриштела кога кога духот ја напаѓа.

Во почетокот на оваа година во куќата дошле егзорцисти. Во текот на чинот за истерување на демонот Ли фрлала со чаши и жестоко се спротивставувала додека ја држеле шест мажи, на крај се онесвестила од исцреност. Ни овој ни претходниот пат егзорцистите не успеале да го истераат демонот. Нејзиниот сопруг Линг е загрижен бидејќи по нив ситуацијата станала полоша. Неговата сопруга Ли кажала дека сака да го одземе живтот на таа личност која ја опседнува и дека колку и егзорцисти да викнат е бескорисно. Таа тврди дека демонот носи кошула со цветови и дека шета насекаде во куќата.

Линг морал да ја напушти работата за да се грижи за Ли, а му помагаат и роднини и пријатели кои ја чуваат до шест сабајлето кога демонот го напушта нејзиното тело.

Линг сеуште верува дека може да најде помош, ја има носено неговата сопруга на специјалисти и на снимање на мозокот. Лекарите тврдат дека таа е здрава, а психијатарот и и препишал лекови за смирување иако констатирал дека таа нема никакви ментални проблеми.

10 pregleda
 
Komentari

Još nema komentara.
Ostavi komentar, započni diskusiju!

Blog
Blogovi se ažuriraju svaka 5 minuta