најлудо чувани работи во свето
43, Gostivar, Makedonija

најлудо чувани работи во светот

Мислите

дека вашите пари кои сте ги закопале под паркетот или тревата кои ги

криете од цимерот се добро скриени драгоцености? Размислете повторно и

погледнете како некои луѓе ги осигуруваат некои работи и ќе ви биде

многу јасна разликата помеѓу сигурноста и потполното претерување...


linkolnot-na-obama.jpg


Data back it up

Многу јасно, недвосмислено име на американската компанија за чување на

дигитални податоци подалеку од непожелни очи, фирма зад која се крие

еден од најчудните и најсигурните начини за складирање и осигурување на

тајните податоци во историјата.

Се што ќе и доверите на Data Back It Up

ги сокрива во еден од неколкуте свои подземни градови, кои верувале или

не, имаат своја пожарникарска единица од 2700 вработени.

Најнови камери, детектори за подвижност и биометриски скенери само се

дел од асортиманот на осигурување, кое е сепак најбезбедно бидејќи

никој освен врвот во корпорацијата, нема врска каде се наоѓа складот на

податоци. Се знае само дека меѓусебно се оддалечени повеќе од 2000

километри, и згора на тоа се скриени длабоко под земја!

Автомобилот на американскиот претседател

Заклучете се внатре и никој нема да ве пронајде. ОК, освен можеби

тајните служби и останатите од Белата куќа, кои би можеле да ги имаат

клучевите при рака, но да – автомобилот на американскиот претседател

колоквијално наречен и “Ѕвер“ (“The Beast”), е едно од најсигурните и

најнепробивни места за бегство и криење, ако се снајперисти и бомбаши

самоубијци во прашање.

Овој блиндиран Кадилак во кој моментално се вози Барак Обама, познат и како “најсигурниот автомобил на светот“

всушност е бункер на тркала, тежок околу 8 тона, со челик дебел 20

сантиметри, наместо класична каросерија! Не му можат ништо ни куршуми

ни бојни отрови, а наводно може да издржи и директен удар од проектил

од голем калибар, како тенковска ракета, да речеме.

Има и 12,5 сантиметри дебело стакло на прозорите, камери за ноќ, свој

извор на кислород, солзавец па дури и вреќичка крв во случај на потреба

од трансфузија! Совршено за на пат до море, значи.

Svalbard global seed vault

Имате потреба да го заштитите своето семе, ете локација за тоа! Не, не

мислиме на банка за сперма, туку на семе од кое растат билки, знаете

она, фотосинтеза, прехрана и сите тие работи...

Сместен на неколку илјади километри од Северниот пол, овој трезор на

островот Свалбард(таман на пола пат помеѓу Норвешка или крајниот север

на планетата) носи прекар и “трезор за крајот на светот“ бидејќи во него се складирани околу 4,5 милиони семки од најразлични врсти на билки, собрани од сите страни на светот.

semenarnica-na-krajot-od-svetot.jpg


Идејата е, погодувате, да се сочува животот во случај на апокалипса кој

би ги избришала луѓето, животните и повеќето од билките на планетата, а

сето тоа во големо издание кое наликува на џиновски хард диск од бетон.

Ѕидовите зајакнати со челик дебели се еден метар, а сите влезови се

отпорни на удари од било каква количина на ТНТ.

Кино во Багдад

Што друго ќе прави Американецот во окупирана земја, тогаш кога нема да

им ги крати ресурсите на кутрите Ирачани и бега од нападите на бомбаши

самоубијци, ако не седне со џамбо пакет пуканки и хектолитри кока кола

да изгледа некој добар блокбастер на големо платно?

За да таа процедура му биде што поудобна, или подобро речено, за крајот

на филмот да го дочека со главата на раменици, киното во една од

најопасните локации на светот треба да биде добро осигурено.

Палатата на американската амбасада во Багдад е позната како најдобро

осигурена палата во светот – иако надвор од нејзините ѕидови се е

трагично несигурно, само киното се наоѓа во таканаречената зелена зона

под надзор на американската војска, и тоа во голем комплекс на

ресторани и дуќани на простор од 42.000 километри квадратни (простор

поголем од Ватикан), опишан како “модерна тврдина“.

Ѕидовите се дебели 2,5 метри, па освен што нема да чуете бука од

кафулињата додека гледате филм, туку би требало да преживеете и по

некој налет на ракета.

Ватикански сеф

Кога сме веќе кај Ватикан... сте го гледале “Ангели и демони“? Се

сеќавате кога Том Хенкс влезе во ватиканската архива да копа по

хартиите и како тоа ултра модерно издание во самото срце на старо

католичката традиција изгледаше како да излегло од некој SF филм?

Па, изгледаше така бидејќи и во реалноста не е ништо различно, згора на

тоа, ватиканските тајни се почувани и од оние во Белата куќа, бидејќи

за да воопшто се приближите на седиштето на Папата морате да поминете

низ шума од камери, скенирање на лица и проверка на табличките на

вашето возило(не мислите најверојатно дека пешки ќе шетате внатре?), а

ако пробате да се прикрадете до подземниот сеф, ќе морате некако да

пројдете покрај обезбедување какво што не сте виделе, дури и самиот

влез во бункерот,со ѕидови дебели неверојатни 3 метри, значи поголеми

од оние во “семенарницата“ и багдадското кино!

Кога пред 4 години го избираа новиот Папа, познато е дека осигурувањето

цел ден копало по секој сантиметар од Ватикан, во потрага по евентуални

микрофони и слични шпионски апарати. Кој знае што се има скриено во тој

крај од светот...

22 pregleda
 
Komentari
bening80 24.10.2009

dolg ama interesen. :-$

Blog
Blogovi se ažuriraju svaka 5 minuta