Што мажите прават, а не сакаат да признаат
43, Gostivar, Makedonija

Што мажите прават, а не сакаат да признаат




Митот за вистинските мачо фраери кои никогаш не плачат, не гледаат љубовни филмови, ги презираат женските списанија, не се оптоваруваат со модата и изгледот е одамна срушен. Денешните мажи потајно уживаат во ситни задоволства кои досега беа условувани чисто како привилегија на женскиот пол.

mazi-ne-sakaat-da-priz-deka.jpg


Своите ситни задоволства и комплекси нема да им ги признаат ни на своите партнерки, а не па јавно, но факт е дека и тие сакаат да пуштат солза во некоја нежна ситуација и тоа под оправдани околности. Не им е непознато ни ѕиркање во женски списанија, а кремите и разните козметички препарати и онака рамноправно делат простор со beauty помагалата на нивните партнерки. Мажите се повеќе се грижат за својот изглед и полека ја откриваат својата женска страна. Тоа не е ништо што трева да се забранува се додека е во границите на нормала. Кратки жешки панталончиња, цвет зад уво и розови маички, сепак нека останат резервиран за женскиот род. Не треба да се заборави дека жените се уште сакаат негувани, уредни но мажествени мажи.

Забележуваат згодни фраери

Жените не се плашат да признаат дека некоја друга жена е згодна, додека мажите ги избегнуваат овие коментари за да не се разберат погрешно. Тие мислат дека ако кажат дека некој маж е згоден другите ќе помислат дека сака со него да отиде во турска сауна. Факт е дека тие многу добро забележуваат, затоа што инаку како ви знаеле каква е конкуренцијата.

Гледаат женски филмови и листаат женски списанија

Ќе кажат дека тоа им е страшно досадно и се згрозуваат од глупавите проблеми и типичните женски проблеми, а сеедно нема да симнат око од телевизорот освен ако пријателите не го повикаат на пиво. Да уловите маж како чита статија ’Оргазам на 10 начини’, веројатно ќе умре од срам, но неговото оправдување ќе биде дека сака да знае како другата страна размислува. Што и не е лошо.

Не се секогаш расположени за секс

Може ова звучи како научна фантастика, но во стварноста тоа и се случува. Иако сакаме да веруваме дека мажите секогаш и секаде се спремни за секс, факт е дена на нив и не им е баш секогаш до акција. Добро, може малку поретко отколку жените, но уморот, стресот, поспаноста го прават своето. Само секако тоа никогаш нема да го признаат.

И тие плачат

Повеќето мажи тешко ги признаваат своите емоции, а машките солзи за нив се знак на слабост. Прав маж никогаш не плаче, барем не во јавност, затоа што кој знае што се случува кога се сами. Таа тајна тешко дека ќе ја откријат, ако некои истражувања ги потврдија женските сомнежи. Мажите во просек плачат еднаш дневно.

Не сакаат да признаат дека ја следат модата

Нивниот изглед покажува дека добро внимаваат што ќе облечат, а повеќе не им е срам да прашаат која маица подобро стои со кои панталони.

Користат козметика

Делот од козметичката индустрија наменета за нега на мажите во последните години доживува вистински развој. Мажите не се срамат да признаат дека користат креми, па дури и оние за подочници, дека ги мачкаат рацете, користат лабело, а ги фати и манија за целосно отстранување на влакната од телото.

22 pregleda
 
Komentari

Još nema komentara.
Ostavi komentar, započni diskusiju!

Blog
Blogovi se ažuriraju svaka 5 minuta