пак ќе го сакаш
35, Washington, США

Сите се исти рече другарка ми. На почетокот се викаат Ромео.

Не не, реков. Овој не е. Премногу е добар.

-Од тоа премногу се плашам Кикки . Што ако тоа премногу, на крајот значи премалку?

Не. Цврсто стојам на тоа дека ова е човекот што го сакам до мене.

-Помина еден период. Поминаа сите искршени чаши, солзи и испиени вина.
песни, пораки,јавувања и шетања. Те сакам, ме сакаш, ти реков ми рече.
и сега? Сите се исти. Така беше? Ох, не. Нема да речам така.
Иако во овој случај така требаше. ќе речам, сите имаат свои маани.
Сите се навидум исти, а многу различни.
Среќна си ако наидеш на еден.
Еден, што нема да се вика Ромео.
Еден што ќе знаеш дека не си го крева тањирот после јадење и ќе го сакаш.
Еден што кога ќе се начука ќе си легне и ќе рчи, а ти пак ќе го сакаш.
Еден што ќе го пие пивото што ти не го сакаш, а ти ќе го пропиеш заради него.
Еден што ќе знаеш дека има девојки што ги заебал и пак ќе си речеш, со мене е поинаку.
Еден што нема да знае да ти напише ама ќе го видиш тоа во него дека те сака.
Еден што нема да пропушти фудбал за твоја серија, ама пак ќе го сакаш.
Еден што нема да се вика Ромео, а ти на некој смешен и чуден начин ќе бидеш негова Јулија.

647 просмотров
 
Комментарии

Комментариев пока нет.
Будь первым - напиши свой комментарий.

Дневники
Дневники обновляются каждые 5 минут